Девојче загина во поплавите на Филипините, шест лица се водат за исчезнати

Сподели со своите пријатели

Во поплавите што ја погодија провинцијата Себу во централниот дел на Филипините, едно девојче го загуби животот, а шест лица се водат за исчезнати, соопштија денеска локалните власти.

Loading...

Девојчето и исчезнатите биле во група од 17 лица кои се враќале од свадба со пикап.

Возилото паднало во надојдената река по обилните дождови, изјави службеник на локалната служба за итни случаи во градот Кармен, пренесува Танјуг.

Тој додаде дека се спасени 10 луѓе. Шест лица се уште се водат како исчезнати, меѓу кои една трудница и еден пар кој се венчал непосредно пред несреќата.