Девојче ставило дезодоранс и починало два часа подоцна

Сподели со своите пријатели

Дванаесетгодишната Пејџ Дотри од Велика Британија била толку опседната со личната хигиена па успеала да се предозира со дезодоранс. Имено, таа преминала во бизарна несреќа откако нарпскала премногу дезодоранс.

Се претпоставува дека испраувањето на аеросолите од дезодорансот довело до ситуација девојчето да изгуби свест. Ја вдишала хемикалијата додека слушала музика по пливањето, за да мајка и подоцна ја најде онесвестена во креветот.

Итно била пренесена во болница, но преминала два часа подоцна, покрај обидите на лекарите да ја оживеат. Како што истакнале, до смртта дошло поради преголемо вдишување на бутанот, но сепак не пронашле траги од хронична употреба.

Пејџ била многу надарена за музика и уметност и се радувала на одморот на кој заминала со родителите, а на кој на крајот и починала.

Поминуваше часови во бањата, постојано ставаше дезодоранс врз себе, а јас и зборував да не го прави тоа. Претопставив дека тоа е нешто што го прави секое 12-годишно девојче, но таа претеруваше. Меѓутоа, ништо не упатуваше дека може да се случи нешто вака страшно – изјавила мајката на девојчето.