Тинејџерката од Девон успешно го заврши пловењето низ Велика Британија – се надева дека сега е официјално најмладата личност што успеала да го стори тоа.
Четиринаесетгодишната Кети Мекејб од Топшам тргнала од Екмаут кон крајот на јуни со дрвена едрилица Фаланда, долга осум метри. Таа се вратила попладнето на 21 август, а други пловила и ентузијастичка толпа ја поздравија на целта.
Таа, исто така, собра илјадници фунти за добротворни цели за време на патување со должина од 1.600 метри, или 3.000 километри, пренесува црногорскиот Вијести.
Плови спротивно од стрелките на часовникот заедно со нејзиниот татко Дејвид Мекејб, кој пловел зад неа од безбедносни причини. Сепак, таа цело време управувала со едрилицата.
Таа ја подигна свеста за загадувањето на морето и собра пари за две добротворни организации, вклучително и Британските морски шепарди. Таа имала за цел да собере 6.000 фунти, но досега собрала повеќе од 10.000 фунти.