Девојче се играше безгрижно, па со неверојатна среќа „за влакно“ избегна куршум (видео)

Сподели со своите пријатели

Снимката прикажува четиригодишно девојче во американскиот град Феникс кое безгрижно се игра во една градска берберница, но во еден момент седна на столчето пред самиот излог.

Но, никој не помислил дека и се заканува смртна опаност. Одеднаш куршум го проби стаклото и помина до нејзината глава. Додека таа престрашена трчаше се слушнаа уште неколку пукања.

За среќа ниту еден од куршумите не ја погоди. Девојче се здобило само со мали повреди од искршеното стакло.

Полицијата за инцидентот го привела 23 годишниот Мајк Харт. Тој бил во блискиот бар каде се карал со сопственикот и потегнал пиштол и пукал.

 

Loading...