Седумгодишната Настја Борик, девојче од Украина кое дошло во Израел за да се лекува од леукемија, трагично загинала во неделата во ракетен напад извршен од иранската армија врз градот Бат Јам, јужно од Тел Авив.
Заедно со неа, животот го загубиле и нејзината мајка Марија (30), бабата Лена (60) и братучедите Илја (13) и Константин (9).
Израелскиот претседател Исак Херцог ја потврди веста преку социјалните мрежи, изразувајќи длабока тага за загубата на невини животи.
„Ова семејство, кое избегало од Украина во потрага по безбедност, било убиено од смртоносни ирански ракети. Тие биле цивили, бегалци кои барале спас, а наместо тоа станале жртви на брутален напад“, напишал Херцог.
Настја пристигнала во Израел од Одеса во потрага по третман што бил неопходен за нејзиниот живот.
Мајката Марија редовно ги споделувала на социјалните мрежи своите борби и напори во лекувањето и опишувала како дијагнозата за леукемија во август 2022 година го променила животот на малото девојче.
„Оттогаш живеам во паралелна реалност каде што единственото важно е да ја спасам, а не да се откажам“, напиша Марија.
Трагично, додека таа ја губеше борбата за животот на нејзината ќерка, нејзиниот сопруг Артем Борик бил на фронтот на Украина, борејќи се против руската инвазија.
Украинските власти ја потврдија смртта на петмина украински државјани во нападот, но не дадоа дополнителни детали.
Seven-year-old Ukrainian girl, Nastia Borik, came to Israel from Odessa to receive life-saving treatment at one Israel’s best hospitals.
She came seeking life.
Instead, she was murdered — along with her mother Maria, her young cousins Konstantin and Ilya, and her grandmother… pic.twitter.com/CS5iK2JsZi
— יצחק הרצוג Isaac Herzog (@Isaac_Herzog) June 18, 2025