Девојче од Куманово тешко повредено откако во неа удрило товарно возило

Сподели со своите пријатели

Четиринаесетгодишно девојче од Куманово се здобило со тешки повреди, откако во неа удрило товарно возило.

– На 06.04.2026 во 15:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово, товарно возило „фолксваген транспортер“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.Д.(34) од Куманово, удрило во 14-годишно девојче од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општа болница Куманово.

– По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЈП „Куманово гас“ одбележа 20 години постоење (ФОТО+ВИДЕО)

Никола Ивановски