Девојче од Гостивар бегајќи од кучиња скитници се удави во Вардар

Сподели со своите пријатели

Вчеравчер околу 19,15 часот било пријавено дека во Гостивар, 17 годишнa девојка од село Здуње, гостиварско, бегајќи од кучиња – скитници, паднала во водите на реката Вардар во близина на мостот.

Веднаш по добивањето на пријавата, преземени се мерки за проноаѓање. Во 22,30 часот девојката е пронајдена почината во близина на мостот во село Балиндол, гостиварско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Извршен е увид и по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Leave a Reply