Девојче (14) силувано и убиено во Франција, се враќало од училиште

Сподели со своите пријатели

Франција е во шок од силувањето и убиството на 14-годишно девојче на југот на земјата, само неколку недели по бруталното убиство на 12-годишното девојче во Париз.

Loading...

Полицијата во петокот уапси 31-годишен маж осомничен за силување и убиство на Ванеса, откако насилно ја внел во својот автомобил додека таа се враќала од училиште во Тонеис, југозападна Франција, претходно истиот ден.

Насилникот веднаш го признал делото во полиција, рекол: „Знам зошто сте тука“

Тој го оставил телото во напуштена куќа во селото Бирац-сур-Трец во југозападниот дел на земјата и брзо бил идентификуван преку снимките од надзорните камери, соопшти полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Волстрит благо падна по наглото намалување на каматните стапки на ФЕД

Обвинителот во градот Аген им изјави на новинарите во саботата дека кога полицијата дошла да го уапси мажот во неговиот стан во јужниот град Марманде, тој рекол: „Знам зошто сте тука“ и го признал делото.

Официјалните лица рекоа дека кога мажот имал само 15 години, бил осуден на 15 дена затвор за сексуално насилство врз друго малолетно лице.

Данте Ринаудо, градоначалникот на Тонеис, во понеделникот им изјави на новинарите дека родителите на девојчето, кои имаат колумбиско потекло, сакаат да ја погребат нивната ќерка во Гренада, Шпанија, каде што семејството живеело неколку години пред да се пресели во Франција.

Тој рече дека започнал онлајн собирање средства за поддршка на семејството и дека ќе организира марш за убиената девојка во петок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поплави на северот на Италија: „Ситуацијата е многу драматична“ (ВИДЕО)

Новото убиство на девојче во Франција се случи само неколку недели откако земјата ја потресе бруталното убиство на 12-годишното девојче Лола, чие тело, со видливи повреди, беше пронајдено во куфер во Париз.

Loading...

Главниот осомничен во тој случај, 24-годишна жена, доби кривична пријава за убиство, силување и тортура. Ја намамила девојката да и помогне, ја киднапирала, силувала и ја убила.

Тој случај предизвика и политички тензии во Франција. Опозициските десничарски партии повикаа на построги правила за имиграција, посочувајќи дека жената што го извршила злосторството е илегален мигрант.

Нови критики стигнуваат по вториот случај на убиство на девојче, а властите се критикуваат за преблагиот однос кон криминалот и недоволната посветеност сторителите на ваквите злосторства да не излезат на улица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Платформата X повторно достапна во Бразил