Девизи и гел за нокти запленети на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Девизи и гел за нокти биле запленети во два различни случаи на Граничниот премин Табановце во текот на изминатата недела.

Како што информираат од Царинската управа, при личен претрес на македонски државјанин, кој патувал со автобус за Берлин на излез од државата на граничен премин Табановце пронајдени се седум илјади евра, за кои не поседувал документ за потекло.

– Согласно законските прописи, на патникот му се вратени две илјади евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а останатите се задржани, стои во соопштението.

Во друг случај, запленети се 655 парчиња гел за нокти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово го пречекува Феникс. Повторно пред празни трибини!

– 665 парчиња гел за нокти се откриени во кабина на камион на влез во државата на граничниот премин Табановце. Геловите за нокти се запленети, а против сторителот кој се обидел да ги шверцува во државата без да ги пријави и за нив да плати давачки кон државата се води соодветна постапка, велат од Царина.

Никола Ивановски