Девизи, алкохол, облека запленети на ГП Табановце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во три одвоени случаи запленети биле низа непријавени предмети од страна на цариниците на Граничниот премин Табановце.

Како што информираат денеска од Царинската управа, во еден од случаите се запленети и девизи поради надминување на законски дозволениот износ.

– При претрес на возач на автобус на граничниот премин Табановце, откриени се непријавени 9.500 евра. На лицето, македонски државјанин, согласно законските прописи му се вратени две илјади евра, а останатите 7.500 евра се запленети, велат од Царина.

 

 

Во друг случај, како што стои во соопштението, на граничниот премин Табановце, мобилен тим при контрола на камион со скенер, откри разна стока која не била пријавена меѓу која и опрема за уредување на домот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голема промена на времето: Следуваат врнежи од дожд и значително заладување

Царински службеници на граничните премини Дојран и Табановце, откриле и прекршочни дела при што запленети биле употребувана пумпа, 35 литри алкохолни пијалоци, 117 парчиња облека, како и разна друга стока.

 

Никола Ивановски