Најмалку девет лица загинаа, а 40 се повредени во јужниот дел на Мексико кога се превртел автобус со верници на патување.
Loading...
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил во градот Тила во сојузната мексиканска држава Чиапас.
Патниците се враќале дома од прослава на верски празник.
Истрагата за причините за несреќата сѐ уште е во тек.