Најмалку девет ученици се удавија на југот на Камбоџа кога се превртел чамецот што го користеле за да ја преминат реката Меконг.
Loading...
Спасени се четири лица, двајца ученици и двајца членови на екипажот, а по двајца ученици сѐ уште се трага, соопшти локалната полиција.
Полицијата извести и дека на бродот имало повеќе луѓе од дозволениот број и дека тој немал елеци за спасување.
Учениците, на возраст меѓу 12 и 14 години, живееле на речен остров и го користеле траектот речиси секој ден за време на сезоната на дождови.
Во сушната сезона во таа река има малку или воопшто нема вода, а тогаш може да се прегазиа.