Девет најнови забрани кои можат да ви го расипат одморот

Сподели со своите пријатели

Туристите не се секогаш пристојни и затоа секојдневно можеме да се сретнеме со некоја нова забрана поврзана со најпосетените дестинации. Меѓутоа, овие најнови ограничувања навистина можат да ви го расипат патувањето од соништата.

Loading...

Локалното население на егзотичните и популарни туристички дестинации често се жали на однесувањето на посетителите. Тоа не е без причини. Се почеста е појавата да се уништуваат знаменитости и ретки видови флора и фауна.

Ако досега не било лесно да се определите и да го реализирате своето патување од соништата, со донесувањето на новите забрани ќе биде уште потешко.

Туристите кои доаѓаат на само еден ден во Венеција ќе мора да платат такса

Локалното население на Венеција е изморено од туристичките гужви кои се секојдневие во градот. Посетителите буквално ги блокираат улиците и мештаните не можат да стигнат на работа на време, но ниту да ги извршуваат најобичните обврски.

Поради тоа од 1ви мај на сила стапува нов закон кој вели дека секој кој ќе влезе во градот треба да плати такса.

Loading...

Туристите кои доаѓаат само за да се возат во гондола ќе мора да платат такса од три долари. Секој кој се обидува да избегне плаќање на таксата ќе мора да плати казна во вредност од 450 долари. Ова се однесува на луѓето кои избегнуваат да платат хотел и доаѓаат во Венеција само на еден ден, бидејќи оние кои се во хотелите веќе плаќаат такса.

На плажите во Филипини е забрането пушење, јадење и градење кули од песок

Властите на Филипини морале да ја затворат плажата на островот Боракај на шест месеци само за да ја исчистат. Оваа акција чини 20 милиони долари. Сега повторно се подготвени да ја пуштат за туристите, но со нови услови.

Имено, ќе се ограничи бројот на посетители и ќе се спроведат норми поради заштита на природата. На плажите строго ќе биде забрането пушење, конзумирање алкохол и храна. За да природното богатство опстане во истата состојба како и пред доаѓањето на туристите, на децата ќе им биде забрането да градат кули од песок на плажите.

На Тајланд ќе добиете казна ако користите пластични кеси

На островот Ко Самет на Тајланд забрането е користење пластични ќеси за купување па и за фрлање смет.

Loading...

Доколку го прекршите оваа правило ќе мора да платите казна. Новото ограничување е поставено поради тоа што овој остров е премногу загаден. Скоро 1.500 туристи доаѓаат да го посетат Ко Самет секој ден. Кога тие ќе заминат, зад нив во националниот парк останува најразличен отпад, од шишиња до хигиенски материјал.

На Бали наскоро ќе се забрани шетањето во бикини

Луѓето од овој индонезиски остров се жалат на туристи кои се шетаат наоколу во костими за капење и се фотографираат во тако издание пред храмовите. Така од 2018 година властите сериозно ја разгледуваат одлуката да забаранат носење бикини и да го ограничат пристапот на туристите до светите места.

Во Русија значително ќе се редуцира бројот на хостели

Loading...

Во текот на 2018 година се отворени голем број хостели во Русија. Поголемиот дел од нив се во обичните градски згради каде домаќините додале повеќе кревети во собите и ги издаваат како такви. Нивните соседи на тој начин се изложени на константа бучава и често непријателско однесување.

Но, во 219 година поголемиот дел од овие сместувања ќе бидат прогласени за илегални. Што значи дека посетителите ќе мора да си резервираат апартман кој е дозволен и легален.

Само 300 луѓет годишно ќе може да се искачат на Монт Еверест

Во текот на 2019 година ќе можете да се искачите на Монт Еверест само на пролет. Исто така, постои ограничувањ ена бројот на алпинисти кои ќе можат да стапат во акција, не повеќе од 300 луѓе годишно. Оваа одлука е донесена откако локалните власти морале да го исчистат сметот. Во текот на 2018 година отстранети се 8,4 тони смет и измет. Од сега ќе бидат поставени контејнери и подвижни тоалети.

Loading...

Во Холандија на велосипедистите повеќе нема да им биде дозволено да зборуваат на телефон

Туристите кои изнајмуваат велосипеди во Холандија ќе мора да престанат да зборуваат на мобилен телефон додека возат. Доколку не се придржуваат на правилата ќе мора да платат казна во износ од 250 долари. Во Холандија ова правило важело досега само за возачите на автомобили, но од јули 2019 година ќе важи и за велосипедистите. Причината е едноставна – зголемениот број на сообраќајни незгоди.

Loading...

Во Фиренца туристите нема да смеат да јадат на улица, но ниту да се одмараат

Овој град го посетуваат повеќе од 10 милиони луѓе од различни земји во текот на секоја година. Досега, во Фиренца не можело да се оди нормално од посетителите кои решиле токму тука да седнат и да се одморат или нешто да јадат.

Властите сфатиле дека ваквата слика е негативна за претставувањето на Фиренца во светот и дека се испраќа погрешна порака. Од 2018 година е забрането седење на скали, но и јадење надвор. Овој закон важи само во центарот на градот и доколку го прекршите ќе мора да платите казна од 500 долари.

Loading...

Во Рим е забрането движењето на туристички автобуси, а знаменитостите на градот имаат поголемо обезбедување

Од јануари 219 година центарот на италијанската престолнина е затворен за туристичките автобуси. Ваквата одлука е донесена за да се зачува историското наследство, за да се намали загаденста на воздухот и бучавата. Исто така, властите на Рим поостро ќе ги казнуваат вандалите кои ќе се обидат да земат дел од Колосеум или да мијат нозе во фонтана.

Leave a Reply