Девет милитанти на Исламска држава погубени во Иран

Loading...
Сподели со своите пријатели

Девет милитанти на Исламска држава (ИС) кои беа уапсени по нападот во 2018 година беа погубени во Иран, објави денес новинската агенција на иранското судство „Мизан“.

Како што е наведено, смртните казни беа потврдени од највисокиот суд на Иран.

Според соопштението, милитантите биле приведени по судир со Иранската револуционерна гарда во западниот регион на земјата, за време на кој биле убиени тројца војници и неколку борци на Исламска држава.

Властите објавија дека за време на опсадата на скривалиштето на милитантите, тие заплениле скриено оружје, вклучувајќи митралези и 50 гранати, објави АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН утврди дека Иран не ги исполнува своите нуклеарни обврски

Исламска држава претходно ја презеде одговорноста за нападот во 2017 година во Техеран врз парламентот и мавзолејот на ајатолахот Рухолах Хомеини, во кој загинаа најмалку 18 лица, а повеќе од 50 беа ранети.

Терористичката организација, исто така, ја презеде одговорноста за други напади во Иран, вклучувајќи самоубиствени бомбашки напади во 2024 година во кои загинаа најмалку 94 лица.