Шведската полиција соопшти дека загинале сите девет лица кои биле во авионот што се сруши по полетувањето во близина на градот Оребро.
„Тоа е многу сериозна несреќа. Сите во авионот се загинати“, соопшти шведската полиција.
Авионот DHC-2 Turbo Beaver наводно носел осум падобранци и еден пилот. Се сруши во близина на пистата на аеродромот Оребро кратко по полетувањето и се запалил.
„Со огромна тага ја примив трагичната вест за падот на авионот во Оребро“, напиша премиерот Стефан Лофвен на Твитер.
„Моите мисли се со жртвите и нивните семејства“, рече тој.
Слична несреќа се случи на северот на Шведска во 2019 година, кога авион со падобранци се урна кратко по полетувањето. Во несреќата загинаа девет лица, а истрагата покажа дека авионот бил неправилно наполнет.
фото: илустрација

