Вкупно девет бегалци од 1.300-те кои се наоѓаат во Транзитниот центар Табановце, поради компликации со здравствената состојјба завршиле на одделенијата во кумановската болница, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Едно лице од Сирија било донесено на Ендокринологија каде му бил направен специјалистички преглед, одноно извршени потребни иследувања,направени потребни интервенции и дадена соодветна терапија, по што истото било вратено на пункт Табановце.
На Инфективното одделение завршиле двајца државјанин на Авганистан заедно со уште три лица од Сирија, каде по извршените прегледи и пружената лекарска помош исто така биле вратен на Табановце. Две лица од Сирија пак завршиле на Очното одделение каде им бил извршени преглед од страна на лекар специјалист и по укажаната помош исто така го вратиле на Табановце.
На Одделението за гинекологија била донесена бегалка од Авганистан каде и биле направени специјалистички прегледи пружени неопходните лекарства и истата била вратена на Табановце како и останатите.
Инаку вчера во кампот имало вкупно 802 бегалци, од кои 467 од Авганистан, 232 од Сирија, 87 од Ирак, едно од Пакистан, две од Либан, 13 од Иран, како и 237 бегалци на гранична линија, од кои 230 Сирија и 7 Ирак, велат од МТСП.