Експлозија во автобус на сириската армија во Дамаск рани утрово 10 лица.
Експлозијата се случила кога автобусот се приближил до населбата во која живеат припадници на Републиканската гарда во западен Дамаск, пренесува Ројтерс.
Информиран извор, кој побарал да остане анонимен, рекол дека најмалку десет лица се повредени.
Експлозиите во Дамаск станаа ретки откако силите лојални на претседателот Башар ал Асад ја презедоа контролата врз бунтовничките енклави во градот.
Оваа година, имаше неколку напади врз воени возила во источна Сирија од осомничени милитанти на Исламската држава, кои продолжуваат да дејствуваат во огромната пустинска област.

