Детонации ги исплашиле жителите на Тетово

Сподели со своите пријатели

Вчера во 22,20 часот во Полициската станица – Тетово пријавено е дека на ул.“Благоја Тоска“ во Тетово биле слушнати две детонации, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициски службеници од ПС-Тетово излезено е на посоченото место при што на ул. “Благоја Тоска“ пронајдени се предмети т.е. остатоци од пиротехнички средства (огномет), дрвен стап, тврди делови од пластика и неколку парчиња од хартија, при што е констатирано дека од страна на непознато лице предходно се активирани пиротехнички средства. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.