Дете ја убило мајката: пронашло полн пиштол во станот, ѝ пукало во глава додека работела

Сподели со своите пријатели

Дете ја убило мајката пукајќи во главата откако пронашло наполнет пиштол во нивниот стан. Пукало во мајката додека таа работела и била на повик на Зум, соопшти полицијата на Флорида.

Loading...

Колешката со која 21-годишната Шамаја Лин зборувала вели дека слушнала судир и ја видела како паѓа наназад и не се враќа на екранот, пренесува Дејли Меил.

Нејзината колешка повикала полиција и рекла дека верува оти Лин била застрелана.

 

 

Детективите велат дека детето на Лин открило отклучен пиштол што му припаѓал на неговиот татко и дека ја застрелал неговата мајка во главата во нивниот дом во Алтамонта Спрингс, во предградието на Орландо.

Полицијата и болничарите дале се од себе за да и помогнат на Лин, но таа била пронајдена со смртоносна рана во главата, соопшти полицијата.

Loading...

Во куќата имало уште едно дете, немало повредени деца.

Истрагата е во тек и подоцна ќе се одлучи дали ќе биде поднесена кривична пријава против сопственикот на огненото оружје.

„Ако имате огнено оружје, чувајте го заклучено и обезбедено“, рече полицаецот Роберто Руиз Јуниор.

 

 

Во САД минатата година имало околу 369 ненамерни престрелки, од кои 142 загинале, според групата која се залага за контрола на оружјето.

Во февруари, 25-годишна мајка била застрелана во Северна Каролина, откако едно од нејзините деца пронашло пиштол во чантата.

Loading...

Во април, едно дете во Хјустон пронашол отклучен пиштол и го убил својот осуммесечен помлад брат.