Детали за трагедијата во Грција: Се удави син на познат актер

Сподели со своите пријатели

Момче (11) се удави во четвртокот на 10 август на плажа во Фурнос Икарија, Грција.

Loading...

Според грчките медиуми, тој излегол од дома околу 14 часот, а мајка му го пријавила за исчезнат во 18 часот.

Веднаш започнала истрага на полицијата и крајбрежната стража која имала трагичен крај бидејќи малолетникот го пронашле нуркачите во 20 часот и 30 минути кога се нурнале во водата и го виделе заплеткан во мрежи, два метри под површината на морето.

Момчето со возило на брза помош било пренесено во селската клиника на островот, каде што била констатирана смрт.

Телото е испратено на обдукција за да се утврдат причините кои довеле до неговата смрт.

Истрагата за овој случај ја води пристанишното одделение Фурни.

Според грчките медиуми, момчето е син на познатиот грчки актер Одисеј Стамулис, додека мајката на детето води хотел на островот.

„Мајката на детето ме извести дека го изгубила Христо околу 14 часот. Веднаш тргнавме со полиција и со пристаништето и почнавме да го бараме, но не успеавме да го најдеме. Сфативме дека нешто лошо се случило и за жал го најдовме удавен. Неговата мајка од островот, дојдоа на одмор. Голема трагедија, што и да кажеме, малку е“, изјавил градоначалникот на островот Димитрис Каридис, пренесуваат српските медиуми.

Loading...