Најмалку шест лица се повредени утринава во напад со нож на париската железничка станица „Гар ду Нор“, јавува француската телевизија БФМ.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер објави дека „едно лице повреди неколку лица на железничката станица Гаре ду Норд во Париз“.
Тој додаде дека тоа лице било „неутрализирано“ од полициските сили.
Француските медиуми претходно објавија дека маж повредил неколку лица со нож на железничка станица и дека полицијата потоа го убила.
И францускиот железнички оператор SNCF објави на Твитер дека денеска полицијата отворила оган врз „опасно лице“ кое повредило патници на една од главните железнички станици во Париз, Гар ду Норд, и дека сообраќајот во областа е во застој. CNN.