Дескоска и Жбогар во посета на училиштето „Наце Буѓони“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Министерката за образование и наука Рената Дескоска и шефот на Делегацијата на Европската унија во Македонија Самуел Жбогар, денеска ќе го посетат средното техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово, како дел од кампањата  „Веруваме во ТЕБЕ, Вложуваме во ТЕБЕ, ЕУ за ТЕБЕ!”.

Почетокот на новата тема на кампањата „ЕУ за ТЕБЕ!“ го објави европскиот комесар Јоханес Хан пред неколку дена, со цел да се подигнуве свеста и да се информира јавноста за помошта на ЕУ во земјата.

За втората тема посветена на човечките ресурси, кампањата предвидува посета на градови каде ЕУ има обезбедено помош во областа на вработувањето, образованието и социјалната инклузија, под слоганот „Веруваме во ТЕБЕ, Вложуваме во ТЕБЕ, ЕУ за ТЕБЕ!”.

Извор: МИА