Десетици загинати во ракетни напади врз Харков, експлозии во Киев

Сподели со своите пријатели

Десетици луѓе загинаа утрово во ракетни напади на руските сили врз украинскиот град Харков, изјави советникот на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Херашченко.

Тој на Фејсбук изјавил дека кон Харков биле истрелани голем број ракети, пренесува Ројтерс.

„Десетици мртви и стотици ранети“, напиша Харашченко на Фејсбук.

Украинската државна агенција за заштита на комуникации и информации претходно објави дека утринава одекнале експлозии во Харков и Киев.

Во Киев беше мирно неколку часа пред експлозиите, се додава во соопштението на украинскиот сервис објавено на апликацијата Телеграм, пренесе Ројтерс.

Агенцијата објави и дека гори и станбената зграда во Чернихив на северот на Украина, откако била погодена од проектил.

Уште еден град на северот на Украина, Житомир, синоќа бил погоден со проектили, објави на Фејсбук Командата на украинската пешадија.