Десетици милиони Американци на удар од топлотен бран

Loading...
Сподели со своите пријатели

Десетици милиони жители на американскиот Среден Запад и Источен Брег беа погодени од топлотен бран и температури на воздухот опасни по здравјето и животот на луѓето, објавија денес американските медиуми.

Извештаите велат дека може да се очекува јунскиот топлотен бран што го зафати поголемиот дел од САД да трае поголемиот дел од оваа недела.

Голем дел од североисточниот дел на САД, од Минесота до Мејн, беше под некаков вид предупредување за топлина, како и делови од Арканзас, Тенеси, Луизијана и Мисисипи, соопшти Националната метеоролошка служба, предупредувајќи дека топлината може да биде опасна по здравјето и животот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американски напад врз Иран: Што покажуваат сателитските снимки? (ФОТО)

Метеоролозите објавија дека метеоролошкиот феномен познат како „топлинска купола“, голем фронт на висок воздушен притисок во горните слоеви на атмосферата што ја задржува топлината и влажноста, е одговорен за овие екстремно високи температури, пренесува Танјуг.