Десетгодишно момче загина, три лица се ранети во престрелка на окупираниот Западен Брег

Сподели со своите пријатели

Десетгодишно израелско момче е убиено, а тројца патници во автобус се ранети на окупираниот Западен Брег во средата вечерта кога неидентификуван напаѓач отворил оган врз нив, соопшти утринава израелската армија.

Loading...

Армијата го окарактеризира нападот на автобусот кој се движел кон Ерусалим како терористички напад, објави „Тајмс оф Израел“.

Се вели дека напаѓачот пукал во автобусот во близина на палестинскиот град Ал-Кадер и се уште е во бегство.

Армијата посочува дека потрагата по напаѓачот е во тек.

Нападот се случи откако тројца Израелци беа полесно повредени во престрелка претходната ноќ во палестинскиот град Наблус.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Новите сириски власти ветуваат толеранција и соработка со светот

Израелски војник беше тешко повреден во текот на викендот на југот на окупираниот Западен Брег, кога беше нападнат од автомобил.

Насилството нагло се зголеми на Западниот Брег од почетокот на војната во Појасот Газа на 7 октомври минатата година и оттогаш беа убиени околу 800 Палестинци и 42 Израелци.

Израелските војници уапсија околу 5.250 Палестинци низ Западниот Брег во воени операции од 7 октомври минатата година.

Loading...