Десет спортски настани по повод 11 Октомври во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 10 различни спортски настани ќе се одржат во Куманово по повод празникот 11 Октомври, информираат денеска од Општински сојуз на спортови.

Loading...

На ден 11,10,2024 година, петок

Во спортската сала на СОУ Перо Наков со почеток во 10:00 до 18:00 часот ќе се одржи ракометен турнир, – МРК Куманово,

На атлетската патека кај Соколана ќе се одржи традиционален атлетски Митинг со почеток во 10,00 часот – АК Куманово,

Во спортската сала на Гимназија Гоце Делчев по десети пат ќе се одржи пингпонгарски турнир за млади надежи, со почеток во 10:30 ч. – ППК Кумановово,

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со нож избодени малолетници кои питачеле во Куманово

На Булеварот „Октомвриска Револуција“ – пред спортска сала во 12:00 часот е закажан Стартот на велосипедска трка „Трофеј 11-ти Октомври“, – ВК Вело-М,

Во просториите на клубот на улицата „Иво Л. Рибар“ 112, со почеток во 19:00ч. ќе започне Аикидо Семинар – Аикидо клуб Агатсу,

Во 11.00 часот стрелачки натпревар помеѓу Куманово и Прилеп, годинава ќе се одржи во просториите на нашиот стрелачки клуб во Гимназијата.

Loading...

На 11 и 12.10. на спортскиот аеродром Аџитепе, Аеро клуб Куманово ќе организира меѓународен натпревар во едриличарство и меѓународен падобрански КУП во прецизно слетување.

На 12.10. Женски одбојкарски турнир кој ќе се одржи во спортска сала на ООУ „Христијан Карпош“ со почеток во 11:00 ч.- ЖРК Куманово

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово ќе испраќа опомени и решенија за присилна наплата за данок и фирмарина

На 13.10, планинарска тура на Китка, за сите заинтересирани, поаѓање од кај Жмара на Булевар „Октомвриска Револуција“ во 7.30 часот со организиран превоз – ЗПЗП Козјак 2013.

На 13.10 со почеток во 07 часот на Езеро Гогомонд, ќе се одржи меѓународен КУП 11-ти Октомври во спортско риболовство – ЗСРРК Пчиња.

Никола Ивановски