Десетте најбогати луѓе во светот минатата година заработиле 402 милијарди долари, а на прво место според индексот на Блумберг е основачот на компанијата Тесла и Спејс Икс, Илон Маск, кој располага со 270 милијарди долари.
На листата се девет милијардери од САД и Французинот Бернар Арно, сопственик на најголемата светска компанија која тргува со луксузни производи, пренесува Слободна Европа.
Маск минатата година ја започна со 156 милијарди долари, а неодамна најави дека ќе плати повеќе од 11 милијарди долари данок.
Минатата година заработил помалку од 140 милијарди, колку што заработил една година претходно, но доволно за да стане убедливо најбогатиот човек на светот со богатство од 277 милијарди.
Зад Маск стои сопственикот на Амазон, Џеф Безос, кој во 2022 година влезе со 190 милијарди долари, што е „само“ две милијарди повеќе од претходната година.
На трето место е Арно, единствениот милијардер на листата надвор од Америка, кој поседува 178 милијарди долари, а лани заработил 63 милијарди.
Четвртиот е ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, кој минатата година ја започна со 132, а ја заврши со 138 милијарди долари.
Следен е ко-основачот на Google, Лери Пејџ, кој во 2021 година заработи 46 милијарди долари, па во новата година влезе со 128 милијарди.
Зад него е сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберг, кој минатата година заработил 25 милијарди долари, а неговото богатство сега е 125 милијарди долари..
Зад него е уште еден ко-основач на Google, Сергеј Брин, чија заработка се зголемила за 43 милијарди долари, а сега има 124 милијарди.
Извршниот директор на Мајкрософт и сопственик на кошаркарскиот тим Лос Анџелес Клиперс, Стив Балмер заработил речиси 40 милијарди долари минатата година и го зголемил своето богатство на 120 милијарди долари.
Инвеститорот Ворен Бафет годинава ја заврши со добивка од 21 милијарда долари на вкупно 109 милијарди, а на десеттото место е претседателот и основач на „Oracle“ Лери Елисон, кој со минатогодишна заработка од 27 милијарди долари сега има 107 милијарди.
Единаесетта на листата е Французинката Франсоаз Бетенкур Мејерс, наследничката на „Л’Ореал“, која има 94 милијарди долари и е најбогатата жена на светот.