Сподели со своите пријателиНајмалку десет лица се повредени во експлозија во еден супермаркет во Санкт Петербург, пренесува АП. Шефот на локалниот огранок на Истражувачкиот одбор, Александар Калус рекол дека 10 лица се хоспитализирани со повреди. Експлодирала направа од рачна изработка со рачина од 200 грама ТНТ, опремена со шрапнели, за да предизвика поголема штета, која се наоѓала во една торба закачена на влезот на супермаркетот „Перекресток“ во северозападниот дел на Калининскиот округ. Агенцијата АП јавува дека никој не презел одговорност за експлозијата и дека е започната кривична истрага. Членката на Истражниот одбор, Светлана Петренко рекла дека сите хипотези се разгледуваат, но дека и натаму останува отворена истрагата за обид за убиство. Федералната служба за безбедност соопшти дека претходно овој месец привела седум осомничени исламистички милитанти и оневозможила планови за бомбашки напади во Санкт Петербург. 2017-12-28