Десет лица од Куманово ќе платат по 1.000 евра за прекршување на полицискиот час

Сподели со своите пријатели

Десет лица од Куманово добија пресуда од Основниот суд со што им е изречена парична казна во износ од по 61.500 денари, поради прекршување на полицискиот час.

Loading...

– Врз основа на поднесени предлози за издавање на казнен налог, од страна на ОЈО Куманово, за сторени кривични дела Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од чл.206 ст.1 од КЗ, Основиот суд Куманово, на 08.04.2020 година, донесе десет пресуди, со кои десет лица се огласени за виновни за наведеното кривично дело и се осудени на парична казна од по 100 дневни глоби, во вкупна денарска противвредност од 61.500,00 денари, информираат од Основен суд Куманово.

Наведените кривични дела, како што велат од Судот, обвинетите ги сториле на начин што, за време на пандемија, како епидемија од глобални размери, со одлука на СЗО, на 25.03.2020 година, на 28.03.2020 година, на 30.03.2020 година, на 01.04.2020 година, на 02.04.2020 година и на 03.04.2020 година, во истите околности, за време на пандемија од глобални размери, постапилe спротивно на Одлуките на Владата на РСМ од 23.03.2020 година и 25.03.2020 година, со кои се определуваат мерки за забрана и посебен режим на движење на територија на државата, од 21,00 часот до 05,00 часот и од 16,00 до 05,00 часот, односно, не ја почитувале забраната за движење, во наведениот период.

Никола Ивановски

Leave a Reply