Десет лица во текот на ноќта го прекршиле полицискиот час во Куманово, додека пак во последното деноноќие вкупно 67 лица биле казнети по основ на прекршување на периодот Уредбата за задолжително носење заштита на лицето.
– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (27.04/28.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 93 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.
Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најголем дел се во Куманово 67 , во Крива Паланка 13 и во Кратово 13.
За истите, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи ќе следуваат соодветни мерки.
За истиот период 10 (десет) лица не ја почитувале забраната за движење.
Никола Ивановски