Феникс 2010 ќе биде противникот на ТФТ во првиот четвртфинален натпревар од Купот кој стартува на 13.февруари (петок), од 12.часот.
Своите очекувања ги презентираше Денис Дервишевиќ, шефот на стручниот штаб на екипата на Феникс 2010.
„Голема чест е да бидеш дел од Ф4, ова е наша четврта година како учествуваме во Купот, наш најголем успех е пласман во финалето. Нашите амбиции се секогаш да играме финале, се игра ден за ден, а во мечевите може да се случи се. Играме со лидерот, се надевам дека ќе успееме да го изненадиме“.
Иван Волканоски беше краток во врска со своите очекувања:
„Не очекува тежок меч, свесни сме за квалитетот на ТФТ и знаеме дека во овие Куп-натпревари нема фаворити. Сигурен сум дека ќе дадеме се од себе и се надевам дека ќе успееме да победиме“.

