Денот на независноста утре ќе се одбележи и во Куманово

Сподели со своите пријатели

Денот на независноста на Македонија утре ќе се одбележи со пригодна културно-уметничка програма и во Куманово.

Loading...

Како што информираат од Фондацијата за култура и спорт, кои се организатори на настанот, со почеток во 10 часот на Спомен Костурница ќе се положи свежо цвеќе, по што ќе  следува културно-уметничка програма.

Од Фондацијата не откриваат повеќе детали, но ги повикуваат граѓаните да бидат дел од манифестацијата.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата