Денга треска беснее во Сингапур: Над 11.000 заболени

Сподели со своите пријатели

Сингапурските власти денеска објавија дека регистрирале голем број луѓе кои боледуваат од денга треска, сезонска болест која се појави невообичаено на почетокот на оваа година.

Loading...

Во таа земја во Југоисточна Азија годинава се регистрирани повеќе од 11.000 случаи до први јуни, кога вообичаено започнува сезоната на денга треска.

Во истиот период лани биле пријавени 5.258 случаи.

Експертите предупредуваат дека ваквата статистика не само што треба да го загрижува Сингапур, иако неговата тропска клима е природно живеалиште за комарците од родот Aedes (тигрести комарци) кои го пренесуваат овој вирус, туку е проблем и за остатокот од светот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бројот на заболени од мали сипаници во светот е зголемен за 20 отсто

Се верува дека поради глобалните климатски промени, ваквите епидемии ќе станат почести и помасовни во наредните години.

Денга треската предизвикува симптоми слични на грип како треска, силни главоболки и болки по целото тело, а во екстремни случаи може да дојде до крварење, отежнато дишење, откажување на органите, па дури и смрт, наведува Си-Ен-Ен.