Најдолгиот полициски час од почетокот на појавата на коронавирусот во земјава започнува денеска во 16:00 часот и ќе трае до вторник наутро во 05:00 часот.
Loading...
Владата ја донесе оваа мерка со цел да го ограничи движењето на населението за време на христијанскиот празник Велигден, а на тој начин да се намали ширењето на коронавирусот.
Црквите сепак ќе останат отворени, иако верниците нема да можат да ги посетат до вторник по завршување на мерката за ограничено движење.
Од вчера е активна и мерката за затворање на сите паркови, викенд населби и шуми. Околу црквите редот ќе го воспоставуваат зголемен број на полициски патроли кои ќе го надгледуваат почитувањето на мерките.
Никола Ивановски