Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови каде се очекува локално да наврнат околу 15 л/м2 воден талог.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина над 60км/ч.
Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен, односно северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи околу третиот степен, а максималната дневна се очекува да достигне осум степени целзиусови.

Од утре ќе настапи стабилизација на временската состојба, но ќе следува период на пад на температурите, особено утринските кои ќе бидат во минус.

Никола Ивановски

