Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, особено во западните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на ноќта во североисточните и источните делови ќе има слаб локален дожд.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, односно југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу три степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 15 степени целзиусови.
Врнежи од дожд во кумановско ќе има и утре.
Никола Ивановски