Денеска во ОН се гласа за распоредување странски сили на Хаити

Сподели со своите пријатели

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе гласа дали да одобри распоредување на странски сили на Хаити и употреба на сила за да ѝ помогне на земјата во борбата против бандите кои во голема мера ја презедоа контролата врз главниот град Порт-о-Пренс.

Loading...

Дополнително, резолуцијата подготвена од САД, исто така, ќе го прошири ембаргото за оружје на ОН, кое во моментов се однесува само на одредени поединци за да ги вклучи сите банди, како што бара Кина, пренесува Ројтерс.

Властите на Хаити тврдат дека оружјето што го користат бандите главно е увезено од САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Армиски офицери и полицаец уапсени во Бразил за обид за убиство на претседателот

Хаити побара меѓународна помош пред речиси една година, а генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш минатиот месец рече дека враќањето на законот и редот ќе бара „силна употреба на сила“ на мултинационалните сили и употреба на воени средства на Хаити, како и разоружување на бандите.

Агенцијата рече дека не е познато како Кина и Русија, кои имаат право на вето заедно со САД, Франција и Велика Британија, ќе гласаат за резолуцијата подготвена од САД, при што Кина сака во документот да се наведе дека Хаити мора да го информира Советот за безбедност за учество во мисијата пред да стапи на сила одобрението од ОН.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку едно лице загина во невремето во САД, 450.000 домови без струја

За резолуција на Советот за безбедност потребни се девет гласа „за“ и без вето.

Мировниците на ОН беа распоредени на Хаити во 2004 година по бунтот што доведе до соборување и прогонство на тогашниот претседател Жан-Бертран Аристид.

Мировниците заминаа во 2017 година и беа заменети со полиција на ОН, која замина во 2019 година.

Loading...