Денеска во Грција најава за временски непогоди, предупредени и туристите

Сподели со своите пријатели

Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области на северна Грција добија итна СМС-порака предупредување поради невремето кое се очекува во текот на денот.

Loading...

Во пораката се наведува дека од раните утрински часови до пладне се очекува лошо време, како град и грмотевици, пренесува Катимерини.

„Избегнувајте преминување на порои и потоци, пеш или со возило, за време на невреме и врнежи, работа и активности на отворено. Треба да избегнувате да поминувате под големи дрвја и поставени знаци. Не држете ги вклучени електричните апарати или телефоните, бидејќи молњата може да помине низ жици. Избегнувајте допирање на водоводни цевки (кујна, бања), бидејќи тие се струјни спроводници“, се наведува во предупредувањето.

Се додава дека ако некој е на отворено за време на невреме, советот е да се држи подалеку од метални предмети, како што се автомобили, велосипеди или опрема за кампување, и дека ако некој е во морето, веднаш да излезе.

Невреме се очекува и во Тесалија, Островите Споради, централна и источна Стереја (вклучувајќи ја Атика), источен Пелопонез и Евија.

Како што јавува ЕРТ, врнежи и невреме се предвидуваат во централните, источните и северните предели, а од вечер се очекува постепено слабеење.

Температурите се очекува да се спуштат до 28 степени, додека на Крит температурите ќе достигнат до 31 степен.

Во Солун се очекува променливо облачно со врнежи од дожд и на места силно невреме, а температурите ќе се движат од 20 до 28 степени.

Loading...