Денеска ветер и до 60 километри на час, температурата во опаѓање

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во северните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието и во источните од северен правец (над 60 km/h).

Минималните температури низ државата ќе се движат од 11 до 19 степени, додека максималните ќе се искачат во интервал од 22 до 36 степени целзиусови.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо време со силен ветер и пад на температурата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово ќе има новогодишен базар: Oтворeн повик за излагачите

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 60 километри на час.

Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, додека максималната дневна ќе достигне 29 степени целзиусови.

Од страна на УХМР за регионот на Куманово е прогласен портокалов метео аларм поради опасност од силен ветер.

 

 

Слично време, со нешто послаб ветер ќе се задржи и во следните денови, а температурите ќе останат под 30 степени до крајот на работната недела.

Никола Ивановски