Денеска услови за врнежи и грмежи, од утре стабилизација на времето

Сподели со своите пријатели

Денеска во Куманово и околината не очекува сончево до умерено облачно време во текот на денот со максимална дневна температура од 26 степени целзиусови.

Во вечерните часови локално ќе дојде до зголемување на облачноста што ќе придонесе за создавање услови за врнежи и посилни електрични празнења, со оглед дека на сајтот accuweather е издадено жолто предупредување за грмежи.

Од утре се очекува постепена стабилизација на временските услови, а такво време ќе продолжи и до крајот на работната недела.