Времето денеска во Македонија ќе биде облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег каде ќе се формира нова снежна покривка, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Како што посочуваат синоптичарите, услови за слаб снег ќе има и на некои пониски места во северните и источните делови од земјата.
Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната ремпература ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 2 до 8 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно и студено време. ќе дува умерен до засилен ветер од северен односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне само три степени целзиусови.

Врнежи од снег во регионот на кумановско се очекуваат и ноќта од вторник кон среда.
Според Управата за хидрометеоролошки работи утре и во четврток претпладне ќе има преодно стабилизирање на времето со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат под нулата.
Потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи со променлив интензитет.

Никола Ивановски

