Наутро на северозапад ќе има повремен дожд, а на повисоките планини од снег. Од претпладне врнежите ќе се прошират во западните делови и на југот, а ќе се со послаб интензитет. Ќе дува слаб ветер кој во текот на денот ќе го менува правецот од југоисточен кон североисточен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Температурата ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за дожд во попладневните часови.
Следува период на променливо време со позитивни утрински температури и повремено со врнежи. Наутро по котлини ќе има услови за појава на магла. Нови врнежи ќе има во среда и ќе започнуваат од југ каде што ќе се поинтензивни и во текот на денот особено на запад ќе бидат од снег освен на планините и на некои повисоки места.
До среда дневните температури ќе се задржат повисоки со што ќе продолжи поинтензивното топењето на снежната покривка.