Времето денеска ќе биде променливо облачно, на југот со подолги сончеви периоди и ветровито.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, околу пладне и попладне нестабилно ќе биде на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се можни поизразени процеси со интензивен пороен дожд и силен ветер, особено во југоисточните и источните делови.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време, со услови за врнежи и грмежи во попладневните часови. Максималната дневна температура се очекува да достигне 28 степени, а утре да биде за два степени пониска.
Од утре следува период на стабилно време, до петок ветровито со засилен северен ветер и со пониски дневни температури. За време на викендот ќе биде сончево и значително потопло.
Од недела кон крајот на денот и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.