Денеска услови за обоен дожд, од утре повторно над просекот

Сподели со своите пријатели

Преку ноќта времето во Македонија беше променливо облачно со умерен ветер од југоисточен правец. Изутринава е малку до умерено облачно, а во југозападните и југоисточните делови понекаде има и значителна облачност. Дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска не очекува променливо облачно и ветровито, претпладне со повеќе сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд кои во западните подрачја ќе имаат пороен карактер и на места ќе бидат проследени со грмежи.

Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, па поради транспорт на прашина од Африканскиот континент можна е локална појава на обоен дожд. Максималната температура ќе достигне од 19 до 24 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Во попладневните часови можни се слаби услови за појава на дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југ, односно југоисток, а максималната дневна температура ќе достигне 22 степени целзиусови.

Од утре следува период на умерено облачно и топло време со температури кои и понатаму ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Leave a Reply