Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во западните делови ќе дува засилен ветер од западен и југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени. УВ индексот ќе биде висок со коефициент седум.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време во текот на претпладневните часови. Попладне се очекува зголемување на облачноста што може да донесе услови за нестабилност проследена со врнежи од дожд и електрични празнења.
Низ кумановско денеска ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата ќе се движи од 13 степени во утринските часови до максимални 30 во текот на денот.

Како што додаваат од УХМР, дневната температура ќе се задржи нешто пониска, особено во северните делови.
Потоа во следните денови се очекува претежно стабилно време.

Никола Ивановски

