Времето денеска ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Максималните дневни температури ќе се движат од 16 до 25 степени целзиусови.
Во Куманово денеска ќе имаме облачно време со услови за дожд и ретки грмежи. Максимумот денеска се очекува да достигне 20 степени.
Во текот на утрешниот ден според УХМР, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд.