Денеска услови за дожд и грмотевици, за Велигден стабилно и топло

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со повремен слаб локален дожд. Попладне  на места врнежите ќе бидат поројни со грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а кон крајот на денот и во ноќните часови ќе го промени правецот во северозападен.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, поинтензивни врнежите ќе бидат во ноќните часови. Минималните температури ќе се движат од 2 до 9, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 18 до 24 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно и топло време. Во попладневните часови се очекува појава на нестабилност проследена со грмежи и врнежи. Максималната температура ќе достигне 20 степени целзиусови.

Врнежите ќе продолжат во текот на ноќта, во петок и во сабота претпладне. Поинтензивни врнежи се очекуват во северните и источните делови, ноќта четврток кон петок и во петок.

Во петок ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури. За време на Велигденските празници времето ќе биде стабилно, суво и релативно топло.

Leave a Reply