Денеска услови за дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува.

Од пладневните часови претежно во северните и источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер, краткотрајно и во вид на изолирано невреме.

Нестабилноста ќе се задржи и во вечерните часови. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени. UV=8

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со услови за нестабилност во попладневните часови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонија загуби и од Латвија (ГАЛЕРИЈА)

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне до 23 степени целзиусови.

 

 

Од страна на УХМР за кумановскиот регион е издадено жолто предупредување за опасност од невреме со грмотевици.

 

Loading...

 

До недела ќе имаме топло и стабилно време.

Никола Ивановски