Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров пристигна во Анталија, каде со посредство на Турција денеска ќе се одржи трилатерален состанок на министрите за надворешни работи на Русија, Украина и Турција, јавува Анадолија.
Loading...
Шефот на руската дипломатија заедно со руската делегација слета на аеродромот во Анталија, а се очекува пристигнување и на украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.
Loading...
Лавров, Кулеба и нивниот турски колега Мевлут Вуавушоглу утре ќе одржат трилатерална средба во салонот каде што се сретнаа светските лидери како поранешниот американски претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин во рамки на Самитот на Г-22.