Во текот на денешниот ден во западните делови ќе преовладува променливо облачно време, претпладнево со локален дожд со слаб интензитет, додека во останатите делови од земјава сончево со умерена облачност и релативно топло., информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 11 до 15 степени.
Куманово и околината во текот на денешениот ден ќе бидат зафатени од сончеви периоди со мала до умерена облачност во текот на денот и многу слаб ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 11-от степен, додека во текот на ноќта истата ќе изнесува 2 степени целзиусови.
Утре попладне под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот ќе има врнежи од дожд, кои позастапени ќе бидат во западните делови, каде на планините ќе има и врнежи од снег, стои во соопштението од УХМР. Ќе дува засилен ветер од јужен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток, а од петок ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и умерен јужен ветер.